Арсенал ја наполни Вила и им ја прекина победничката серија, нов кикс на Јунајтед! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Арсенал со убедливи 4-1 ја победи Астон Вила која денеска на Емирати допатува со серија од 11 триумфи по ред, Манчестер Јунајтед одигра само 1-1 со Вулвс на Олд Трафорд.

Вила беше во луда победничка серија, а Арсенал немаше победа над големите екипи во Премиер лигата, но ова се промени вечерва.

Во првото полувреме немаше голови, но второто беше фантастично за Арсенал.

По само три минути игра во вториот дел, Габриел искористи еден кикс на голманот Мартинез и му донесе водство на Арсенал од 1-0.

Веќе во 52. минута беше 2-0, по одлична асистенција од Одегард, Зубименди постигна гол.

Во 69. минута Тросар со убав шут од далечина зголеми на 3-0, веќе немаше дилеми кој ќе биде победникот на овој натпревар.

Габриел Жесус влезе во игра во 78. минута, а веќе во следната даде гол за голема предност од 4-0.

Длабоко во судиското продолжение Оли Воткинс даде гол за Астон Вила поставувајќи ги конечните 4-1.

Сега Арсенал има плус четири бода во однос на Сити, но момците на Гвардиола имаат меч помалку.

Манчестер Јунајтед не успеа да го победи убедливо најслабиот тим во лигата, одигра само 1-1 против Вулвс за кој ова беше трет бод оваа сезона.

Така не личеше во 27. минута кога Зиркзе донесе водство за Манчестер Јунајтед од 1-0.

Во финишот од првото полувреме Крејчи го изедначи резултатот на 1-1.

Тимот на Аморим имаше цело второ полувреме да ја врати предноста, но не успеа во тоа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×