29 годишниот
офанзивец Алексис Санчез својата кариера ја продолжува во Манчестер јунајтед,
со тоа заврши трансфер сагата со Чилеанецот.
Санчез имаше блескави
изданија во дресот на италијански Удинезе (2006-11), Барселона го увиде неговиот
талент и го ангажираше, а тој на Камп Ноу се задржа три сезони постигнувајќи 39
погодоци на 88 натпревари. Арсенал го ангажираше а по четири години тој се
пресели на Олд Трафорд.
Интересни се неговите
изјави за време на презентациите во Арсенал, како и Манчестер јунајтед.
„Уште од мојата рана
возраст, сакав да играм за Арсенал“ рече тој на презентацијата во Арсенал.
„Уште кога бев младо
момче јас секогаш велев дека мојот сон беше да играм за Манчестер јунајтед“
рече Санчез на вчерашната промоција во Манчестер јунајтед.