„Олимпико“ го поздрави Де Роси првпат како ривал, Рома за половина час ја реши Џенова (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Рома на „Олимпико“ одигра моќен натпревар и убедливо ја совлада Џенова со 3-1, враќајќи се на четвртото место во Серија А. Римјаните одиграа доминантно од самиот старт и практично го решија победникот уште во првото полувреме. Домашниот тим постигна три погодоци во распон од неполни дваесет минути и не ѝ дозволи на Џенова ниту најмала надеж дека може да се врати во натпреварот.

Резултатот беше отворен во 14. минута преку Матиас Суле, по што следуваше брз втор удар. Во 19. минута Мануел Коне погоди за 2-0 по асистенција на Еван Фергусон, а токму Ирецот во 31. минута го постави конечниот резултат од 3-0 со прецизна завршница. На крајот поразот за „грифоните“ го ублажи Екатор.

По 17 одиграни кола, Рома има 33 бода и се наоѓа на три бода зад лидерот Интер, кој има и натпревар помалку. Џенова, пак, останува на 17. позиција и ја очекува тешка борба за опстанок во продолжението од сезоната.

Посебна емоција донесе и враќањето на Даниеле Де Роси на „Олимпико“, овојпат како противник. Легендата на Рома доби аплаузи од трибините, но од резултатски аспект вечерта ќе ја памети по тежок пораз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×