Крос отворено ја критикуваше ФИФА: Не сакам вакво Светско првенство!

by Стефан
1 минути читање

Легендарниот германски фудбалер Тони Крос не го криеше незадоволството од новиот формат на Светското првенство, на кое од наредната година ќе настапуваат дури 48 репрезентации.

Крос отворено истакна е дека против зголемувањето, објаснувајќи дека ќе се намали квалитетот.

„Против сум формат со 48 селекции, бидејќи со толкав број тимови ќе гледаме многу резултати од 5-0 во групната фаза. Тоа не се натпревари што навивачите сакаат да ги гледаат. Мене ме интересираат квалитетни, израмнети дуели во кои уживаме како публика. Не уживам во победи од 5-0 или 6-0“, изјави Крос.

Кога сее шансите на Германија за трофејот во прашање, според Крос, таа не е помеѓу најдобите првите пет фаворити во овој момент.

„Германија и Бразил во моментов не се меѓу петте главни фаворити“.

Ќе потсетиме, пласман во нокаут-фазата ќе обезбедат двете првопласирани селекции од секоја група, како и осумте најдобро рангирани третопласирани репрезентации.

Македонија исто така и понатаму има можност да се најде на Мундијалот, а во март избраниците на новиот селектор, Гоце Седлоски ги чека полуфиналниот бараж против Данска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×