Македонскиот селектор Гоце Седлоски денеска и официјално го избра својот нов стручен штааб во кој ќе има добро познати имиња.
Во стручниот тим како асистенти на Седлоски ќе работат Борче Христов – шеф на стручниот штаб на ФК Тиквеш и директор на Центар за едукација, Ерхан Селими – досегашен селектор на Македонија до 19 години, како и Зоран Бошковски – Чоко, наш легендарен голгетер и стрелец на првиот гол во историјата на македонската репрезентација. Дел од стручниот штаб ќе биде и поранешниот репрезентативен дефанзивец Ванче Шиков, кој зад себе има 58 настапи за Македонија, додека за тренер на голмани е именуван Гого Јовчев.
Како видео-аналитичар на А репрезентацијата е ангажиран Мартин Христов, а селекторот Гоце Седлоски дополнително ќе го соопшти името на кондицискиот тренер кој ќе му се приклучи на стручниот тим.
Предизвиците со Седлоски на селекторската клупа започнуваат со баражт за СП 2026 во кој ќе играме потив Данска на гостински терен.