Тер Штеген пред заминување: Веќе го избрал новиот клуб?!

by Стефан
1 минути читање

Марк-Андре тер Штеген наскоро би можел да застане меѓу стативите на голот на Жирона.

Оваа информација ја објави реномираниот каталонски новинар Алфредо Мартинез, кој тврди дека германскиот голман е блиску до преселба вовториот каталонски клуб, каде што би добил далеку поголема минутажа од онаа што моментално ја има во Барселона.

Според истиот извор, тренерот Ханси Флик му ставил јасно до знаење на својот сонародник дека ќе биде трет избор меѓу стативите, зад Жоан Гарсија и Војчех Шченсни.

Во Жирона, Тер Штеген би бил замена за Доминик Ливаковиќ, кој летово пристигна во клубот, но неочекувано заврши во втор план и веќе во зимскиот преоден рок би можел повторно да ја смени средината.

Тер Штеген има договор со Барселона до 2028 година, меѓутоа според информаациите на Мартинез тоа нема дда биде пречка за реализација на трансферот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×