Удинезе и Лацио ги поделија бодовите во натпреварот од 17. коло во Серија А, откако средбата заврши без победник 1-1.
Римјаните беа на чекор до целосен плен, откако во 80 минута Матиас Весино донесе водство со прецизен удар од работ на шеснаесетникот по додавањето на Канчелиери. Сепак, домашниот тим не се откажа и успеа да стигне до израмнување во самиот финиш.
Удинезе претходно имаше неколку опасни ситуации, бараше и пенал, а најдобрата шанса ја пропушти Заниоло, кого го запре Проведел. Лацио можеше да ја реши средбата во судиското продолжение, но Исаксен не ја искористи можноста за додавање кон Закањи.
Казната стигна во последните секунди, кога Дејвис одлично се снајде во шеснаесетникот и го совлада Проведел за конечни 1-1. Лацио е на осмата позиција со 26 бодови, додека Удинезе се наоѓа на 10 место со 22 поени.