Кристијано Роналдо уште еднаш потсети зошто неговото име и понатаму е синоним за голови. Португалецот блесна во триумфот на Ал Наср против Ал Охдод со 3-0 и дополнително се доближи до магичната бројка од 1.000 погодоци во кариерата.
Искусниот напаѓач двапати ја затресе мрежата во првото полувреме, обезбедувајќи мирна завршница за својот тим уште пред паузата. Во продолжението имаше можност и за хет трик, но погодокот беше поништен по ВАР интервенција. Конечните 3-0 ги постави Жоао Феликс во самиот финиш.
Со новите два гола, Роналдо стигна до бројката од 956 официјални погодоци, а целта која до неодамна изгледаше недостижна сега е сè поблиску.