Натпреварот помеѓу Ливерпул и Вулверхемптон започна во емотивна атмосфера, посветена на трагично загинатиот Диого Жота, фудбалер кој остави длабока трага и во двата клуба.
„Енфилд“ оддаде почит на португалскиот напаѓач, а на трибините беа присутни и членовите на неговото најблиско семејство.
Сопругата на Жота и нивните три деца добија покана од Ливерпул да присуствуваат на натпреварот, а посебно трогателен момент беше кога децата се појавија на центарот на теренот, стоејќи рамо до рамо со капитенот Вирџил ван Дајк.
Пред почетокот на средбата, претставници на Вулверхемптон положија цвеќе пред „Енфилд“, со што уште еднаш беше истакната големата почит кон фудбалерот кој настапуваше за двата англиски клуба.
Two of Diogo Jota’s children – Dinis and Duarte – as well as family members, are mascots ahead of the match between their father’s English clubs ❤️ pic.twitter.com/fVjEegl5Og
— Liverpool FC (@LFC) December 27, 2025