Од толку скапи ѕвезди на теренот, најдобар играч на „Олд Трафорд“ беше момче од – еден милион!

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Јунајтед со минимална победа од 1-0 го совлада Њукасл на Олд Трафорд, а херој од сенка на натпреварот беше 19 годишниот Ајден Хевн, кој сосема заслужено ја понесе наградата за играч на мечот.

Младиот дефанзивец, кој во клубот пристигна од Арсенал за сума од само 1 милион фунти, одигра натпревар за паметење и покажа дека може да биде сериозна опција во одбраната на тимот. Хевн доминираше во дефанзивните задачи со 8 добри дефанзивни реакции, 6 интервенции со глава и импресивни 94% прецизни додавања, што дополнително ја истакна неговата зрелост и сигурност во играта.

По завршувањето на мечот, задоволството не го криеше ниту тренерот Рубен Аморим, кој јавно му оддаде признание на младиот фудбалер и јасно стави до знаење дека ваквите настапи носат сериозен статус во екипата. Според Аморим, доколку Хевн продолжи со вакво ниво на игра, ќе биде исклучително тешко било кој да го истисне од стартниот состав.

Тој ја заслужи оваа шанса, ако игра вака, ќе им биде многу тешко на другите да му го земат местото во стартниот тим почнувајќи од сега“, изјави Аморим по мечот.

Настапот против Њукасл може да биде пресвртна точка во кариерата на Ајден Хевн, кој полека се наметнува како ново откритие на Олд Трафорд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×