62
Манчестер Јунајтед запиша минимална, но многу важна победа против Њукасл од 1-0 во рамките на 18 коло од Премиер лигата, на натпревар кој понуди многу борба.
Спорен момент се случи во 63 минута, кога гостите побараа пенал по игра со рака на Лисандро Мартинез. Сепак, од ВАР собата му беше сигнализирано на главниот судија Ентони Тејлор дека нема елементи за најстрога казна и играта продолжи.