Милан конечно се освести: Му понуди највисок договор на капитенот!

by 24 фудбал
1 минути читање

Милан направи конкретен чекор кон задржување на својот капитен и официјално му понуди нов договор на Мајк Мeњон. Според информациите од Италија, клубот доставил понуда за продолжување на соработката до 2029 година, со опција за продолжување и до 2030. Според договорот платата ќе биде на исто ниво со онаа на Рафаел Леао, меѓутоа нешто повисока.

Понудата на „росонерите“ е околу седум милиони евра нето по сезона, со дополнителни бонуси. Во понудата се вклучени бонуси поврзани со настапи и успех во Лигата на шампионите, како и бонус за потпис. Според „Газета дело Спорт“, ситуацијата полека се подобрува откако минатата сезона Мењон и управата на Милан се најдоа во незавидна ситуација. Голманот беше навреден поради несериозниот пристап во преговорите, ама сè се менува во оваа сезона.

Клучна улога во позитивниот развој има и новиот тренер Масимилијано Алегри, со кого Мењон има одличен однос. Французинот чувствува доверба од стручниот штаб, се согласува со методите на работа и ја гледа својата централна улога во проектот на Милан.

И покрај тоа што раководството внимателно ја следи ситуацијата и разгледува алтернативи како Сузуки и Уго Соуса, приоритет останува јасен, а тоа е продолжување на договорот со капитенот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×