Робињо не се плаши од затвор, Бразилецот потпишува за турски Сиваспор

by
1 минути читање

Во ноември, судот
во Милано го осуди Робињо на 9 години затвор за групно силување на 22 годишна
Албанка.

Во моментов
пресудата не е конечна, но дури и таа да биде, напаѓачот никогаш нема да заврши
зад решетки доколку не го напушти Бразил, бидејќи уставот на оваа земја не
дозволува екстрадиција на жителите кои се родени во Бразил.

Но очигледно
Робињо толку многу верува во својата невиност и не се плаши од затвор па реши
да се врати во Европа.

Поранешниот
фудбалер на Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан си подал рака со турски
Сиваспор и утре треба да пристигне за да стави потпис на договорот.

„Бразилецот
Робињо со кого начелно имаме договор, утре ќе пристигне во Сивас
– гласеше официјалното соопштение
на клубот.
„По финалните
преговори, тој ќе стави потпис на договор
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани