Пулишиќ добро „стрела“ и надвор од терените, ја ќари една од најубавите холивудски глумици?

by 24 фудбал
1 минути читање

Италијанските и светските социјални мрежи се преплавени со гласини за наводна љубовна врска меѓу фудбалерот на Милан, Кристијан Пулишиќ, и холивудската актерка Сидни Свини. Иако нема никаква официјална потврда, шпекулацијата брзо стана вирална и предизвика големо внимание и во Италија и во САД.

Гласината потекнува од Италија, а веднаш следуваа бројни коментари, реакции и шеги. Додека во Италија темата е прифатена со доза ентузијазам, во Америка реакциите се значително порезервирани.

Причина за тоа е и фактот што двајцата наводно веќе имаат свои партнери. Пулишиќ во 2024 година започна врска со голферката Алекса Мелтон, додека Сидни Свини по раскинувањето со Џонатан Давино беше поврзувана со бизнисменот Скутер Браун до почетокот на ноември. И покрај недостатокот од докази, приказната продолжува да кружи на интернет и да го држи вниманието на јавноста, барем засега.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×