Интер е конкурентен и се бори за титули, но ќе прави – ремонт!

by 24 фудбал
1 минути читање

Иако Интер оваа сезона е во трка за титулата и настапува во Лигата на шампионите, во Милано веќе се подготвуваат за големи промени по завршувањето на сезоната. Раководството планира сериозна реконструкција на тимот, по која „нероазурите“ ќе изгледаат значително поинаку од идната натпреварувачка година.

Неколку искусни фудбалери најверојатно ќе го напуштат клубот откако ќе им истечат договорите. Меѓу нив се Јан Зомер, Франческо Ачерби, Стефан де Фрај, Матео Дармијан и Хенрик Мхитарјан, за кои не се очекува продолжување на соработката која истекува во јуни.

Покрај тоа, можно е заминување и на Дензел Дамфрис и Давиде Фратези, кои не се целосно задоволни од својата улога и минутажата оваа сезона, а веќе привлекуваат интерес од други клубови. Неизвесна останува и иднината на Хакан Чалханоглу, кој беше блиску до трансфер во Галатасарај изминатото лето, но договорот пропадна во последен момент.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер веќе работи на засилувањата, а приоритет ќе биде голманската позиција. Како наследник на Зомер се споменува Гиљермо Викарио од Тотнем, кој е означен како прва желба на клубот за наредната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×