Новиот селектор на средба со капитенот на македонската репрезентација

by riste
1 минути читање

Гоце Седлоски како нов селектор на Македонија денеска се сретна со капитенот на нашата репрезентација, Енис Барди, присутен беше и директорот на македонските селекции, Горан Пандев.

Тоа беше средба на тројца легенди кои биле капитени на македонската репрезентација, Гоце Седлоски, Горан Пандев и сегашниот Енис Барди.

Предуслов за успеси на националниот тим е и позитивната атмосфера во репрезентацијата, а нејасно е каква таа ќе биде по селекторската промена.

Гоце Седлоски се обидува веднаш да ги земе конците во своите раце и да создаде добра атмосфера во соблекувалната.

За таа цел денеска се сретна со капитенот Енис Барди кој треба да бида значајна алка во создавање во позитивниот дух во селекцијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×