Тажна вест: Почина еден од најдобрите француски тренери!

by Стефан
1 минути читање

Една од најдобрите француски тренери, Жан-Луј Гасе, почина денеска на 72-годишна возраст.

Поранешниот фудбалер од средниот ред, а подоцна и тренер, последните денови во фудбалот ги мина работeјќи во Монпеље, клубот во кој ја помина и речиси целата играчка кариера.

Станува збор за стратег кој во повеќе наврати беше дел од Монпеље, но најголемите успеси ги забележа како близок соработник на Лоран Блан. Како негов асистент во Бордо, во 2009 година ја освоија титулата во Лига 1, како и Купот на Франција. Двајцата заедно продолжија и во Пари Сен Жермен, каде што освоија три шампионски титули и два Купа, пред да се разделат во јуни 2016 година, кога раководството на ПСЖ направи промени во стручниот штаб.

Во пошироката фудбалска јавност, Гасе последен пат беше во фокусот по отказот на селекторската позиција во репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска. И покрај тоа што селекцијата со тешкотии ја мина групната фаза, по неговото заминување тимот го презеде неговиот асистент Емерс Фае, кој на крајот ја одведе репрезентацијата до трофејот на африканскиот континент.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×