Албанската фудбалска репрезентација ја очекува баражот за пласман на Светското првенство 2026, но во пресрет на клучните натпревари јавноста во Албанија е вознемирена од еден, наизглед банален, но чувствителен детал, дрес на српската репрезентација во домот на селекторот.
Во центарот на вниманието се најде селекторот Силвињо откако на социјалните мрежи се појави фотографија на која неговиот син носи дрес на Србија. Фотографијата беше споделена на Инстаграм профилот на ќерката на селекторот, а на неа може да се види како на еден собир со семејството синот на Силвињо го носи дресот со број „7“ на српската репрезентација.
Дел од албанските медиуми и навивачи тврдат дека станува збор за дресот на Александар Станковиќ од квалификацискиот натпревар меѓу Србија и Албанија одигран во Лесковац,
Interesting choice of shirt from Sylvinho’s son🙃 pic.twitter.com/bXOH1EZIR1
— Shefqet Fejzo🇦🇱 (@ShefqetFejzo11) December 25, 2025