Се појавија фотографии: Реал Мадрид на дресот за новата сезона може да направи историска промена

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид за наредната сезона би можел да направи една значајна промена на својот дрес. Според фотографии објавени од специјализираните портали „Footy Headlines“ и „Opaleak“, „кралевите“ би можеле за првпат да користат и бордо боја.

Иако белата боја отсекогаш била заштитен знак на домашната гарнитура, најновите дизајни откриваат изненадувачки новитети. Наводно, „Адидас“ планира да внесе бордо детали, нијанса која досега не била дел од визуелниот идентитет на клубот. Конкретно, бордо линии би се појавиле на ракавите, додека горниот дел од дресот би бил во темнозелена боја.

Во истата темнозелена нијанса би биле испишани и логата на главните спонзори, „HP“ и „Fly Emirates“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×