Звезда не се откажува од еден од најголемите македонски таленти – го испрати на позајмица!

by Стефан
1 минути читање

Македонскиот фудбалски талент Матеј Гаштаров отвора ново поглавје во својата кариера. По првите сениорски чекори и есенската полусезона помината во првиот тим на Црвена звезда, младиот играч за врска во продолжението од сезоната ќе настапува како позајмен фудбалер во редовите на Графичар.

Станува збор за потег кој не е изненадување, туку дел од добро познатата стратегија на белградскиот шампион. Црвена звезда со години ги испраќа своите најперспективни млади фудбалери во Првата лига на Србија, со цел тие постепено да се навикнат на сениорскиот интензитет.

Графичар, како развојна филијала на „црвено-белите“, се смета за идеална средина за напредок, а дополнителен плус за Гаштаров ќе биде работата со тренерот Марко Негиќ, кој има репутација на стрaтег што успешно развива млади играчи и ги подготвува за настапи во елитата.

Гаштаров, кој е роден во 2006 година и е младински репрезентативец на Македонија, игра во средниот ред и важи за фудбалер со одлична техника, изразена фудбалска интелигенција и голема зрелост.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×