Традицијата во Берлин продолжува: Го исполнија стадионот и го прославија Божиќ (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Неверојатни сцени и оваа година пристигнаа од Берлин, каде што божиќниот дух по 23 пат го исполни стадионот „Ан дер Алтен Ферстерај“.

Навивачите на Унион Берлин ја продолжија една од најубавите фудбалски традиции, собирајќи се на настанот „Вајнахтсинген“ за заедничко пеење божиќни песни и празнична прослава.

Германскиот клуб објави дека сите 28.500 билети за овој уникатен настан биле распродадени за рекордно кратко време, што уште еднаш ја потврдува силната поврзаност меѓу навивачите и клубот. Таа врска датира уште од времето на Источна и Западна Германија, а најсилно се покажа во 1997 година, кога Унион банкротираше и беше спасен токму од своите навивачи преку донации.

Истата таа посветеност се повтори и пред 17 години, кога клубот немаше средства за реконструкција на стадионот, па навивачите го изградија со сопствени средства и волонтерска работа. По долги години во пониските лиги, Унион во 2019 се врати во Бундеслигата, а пред две години дебитираше и во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×