Дечињата не можеа да си поверуваат кого гледаат: Јамал заигра фудбал на плажа (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Тинејџерот на  Барселона, Ламин Јамал кратката божиќна пауза ја искористи за краток одмор и „полнење батерии“, па замина во Дубаи.

На социјалните мрежи се појави и снимка на која може да се види Јамал како ужива и се забавува на плажа во друштво на повеќе деца кои сигурно беа среќни што имаат прилика да поминат време со една од најголемите фудбалски ѕвезди во овој момент.

 Освен за одмор, Јамал во Дубаи ќе присуствува и на наградите „Globe Soccer Awards“, церемонија која е закажана за 28 декември.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×