Ендрик со ветување до соблекувалната на Реал Мадрид

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува АС, Ендрик пред да замине во Лион дал ветување во соблекувалната на Реал Мадрид, ќе стори се за да успее неговата позајмица во Франција и потоа посилен ќе се врати на „Бернабеу“.

Ендрик пристигна во Мадрид како еден од најперспективните млади играчи во зделка која со бонуси може да се искачи и до 60 милиони евра, но не успеа да се наметне ниту кај Карло Анчелоти, ниту кај Чаби Алонсо.

Во првиот дел од оваа сезона, тој едвај одигра 100 минути, па во продолжението ќе настапува на позајмица во Лион.

Како што пренесува АС, младото момче дало ветување во соблекувалната пред да замине.

Тој порачал дека ќе стори се за да успее во Франција и потоа посилен да се врати на „Бернабеу“.

ФОТО: X/Real Madrid C.F.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×