Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, откри дека е отворена истрага за сомнителни натпревари од ПМФЛ и ВМФЛ одиграни во текот на оваа полусезона.
Како што посочи, веднаш по одигрувањето на спорните средби во федерацијата пристигнал аларм за можна нерегуларност, а случаите веќе се предмет на активна истрага. Станува збор за натпревари од Првата и од Втората лига, но без откривање конкретни детали.
„Добивме мејл за сомнителни натпревари од оваа полусезона во Првата и во Втората лига, уште веднаш наредниот ден. Сакам да зннаат дека не сме наивни, знаеме се што се случува, ова е мала земја. Засега нема да се излетувам и да зборувам нешто повеќе, ќе кажам само дека истрага има и таа е во тек. Брзо ќе сфатат тие луѓе дека за нив нема да има место во македонскиот фудбал“, порача Омерагиќ.