Алегри побарал засилување од Јувентус, подготвен е да жртвува едно од летните засилувања?!

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Италија пренесуваат дека тренерот на Милан, Макс Алегри побарал ангажман на Федерико Гати од Јувентус, се шпекулира дека „росонерите“ дури се подготвени да го трампаат Самуеле Ричи.

Милан и Јувентус можат да реализираат изненадувачка зделка во зимскиот преоден рок.

„Росонерите“ се во потрага на засилување за дефанзивата и Макс Алегри побарал ангажман на Федерико Гати, кого добро го познава од времето во Торино.

За да го натера Јувентус на продажба, Милан е подготвен да жртвува едно од летните засилувања, и да го испрати Самуеле Ричи во замена.

Лучано Спалети сака во јануари да добие нов фудбалер од средниот ред, па со една ваква зделка, желбите на двете страни ќе бидат исполнети.

ФОТО: X/AC Milan

Можно е и ова да ти се допаѓа

×