Сеск Фабрегас најубаво и во 20 секунди ги опиша проблемите на Чаби Алонсо во Реал Мадрид

by bojan
1 минути читање

Сеск Фабрегас во само 20 секунди ги сумираше проблемите на Чаби Алонсо на клупата на Реал Мадрид и убаво објасни зошто стратегот се мачи на клупата на „Бернабеу“.

Чаби Алонсо минатото лето го прифати предизвикот да седне на кормилото на големиот Реал Мадрид, но работите не одат според планот.

Стратегот никако да ги склопи коцките, тимот се уште не пронајде јасен идентитет, не успеа да ги освои ниту симпатиите на навивачите, и да не беше расположениот Килијан Мбапе, тој веројатно ќе добиеше отказ по брза постапка.

Сеск Фабрегас во само 20 секунди ги сумираше проблемите на својот поранешен колега од репрезентацијата, и убаво објасни зошто Чаби АЛонсо се мачи на клупата на „Бернабеу“.

„Сите фудбалери се навистина добри, сите заслужуваат да играат. А и сите мислат дека треба да играат. Сите мислат дека треба да прават ралика на теренот. Сите вредат преку 50 милиони евра, сите играат за своите национални тимови“ – вели Сеск Фабрегас во документарецот на ДАЗН „Чаби Алонсо: Архитектот“.

„И кога имате ваква соблекувална, не е лесно да ги задоволите сите желби“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×