Јилдиз поставил два услови за нов договор со Јувентус

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува Газета дело Спорт, Кенан Јилдиз побарал да стане најплатениот играч на Јувентус, тој исто така побарал гаранции за амбициите на клубот и долгорочниот проект.

„Старата дама“ и Кенан Јилдиз подолго време преговараат за нов договор, но во последно време нема напредок.

Се очекува двете страни наскоро одново да седнат на маса, односно откако Јувентус ќе го именува Марко Отолини за нов спортски директор.

Како што пренесува Газета дело Спорт, Кенан Јилдиз има два услови за да ја продолжи соработката.

Првиот е од финансиски план, Турчинот сака да стане најплатениот во тимот, со примања од најмалку 6 милиони евра по сезона.

Понудата на Јувентус е помеѓу 4 и 5 милиони евра по сезона, плус бонуси поврзани со личен успех и успех на тимот.

Вториот е од спортски аспект, односно Кенан Јилдиз сака гаранции за амбициите на клубот, како и долгорочниот проект.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×