66
Поранешниот напаѓач на италијанската репрезентација, 35-годишниот Марио Балотели, веќе речиси една година е без професионален ангажман, но наскоро би можел да се врати на фудбалската сцена, откако добил понуда од Саудиска Арабија.
Последен пат Балотели настапуваше за Џенова, но клубот го напушти по само шест одиграни натпревари и од јануари е без клуб.
И покрај разочарувачката епизода во Џенова, Балотели се надеваше на камбек во Серија А. Формата ја одржува тренирајќи во аматерскиот клуб Карпенедоло, а италијанските медиуми пренесуваат дека стапил во контакт со Ал Итифак од Саудиска Арабија, кој е подготвен да му понуди договор до јуни 2028 година.