Реал Мадрид купил нов фудбалер за 150.000 евра

by Стефан
1 минути читање

Манкез Резола, талентираниот 19-годишен играч за врска на шпанскиот четвртолигаш Логроњес, кариерата ќе ја продолжи во редовите на Реал Мадрид, објавија шпанските медиуми.

„Кралскиот клуб“ ќе му исплати на Логроњес отштета од 150.000 евра за трансферот на младиот фудбалер, за кого интерес покажале и Атлетик Билбао, како и еден клуб од Саудиска Арабија.

Резола, кој сезонава на 15 настапи постигна два гола, во јануари ќе му се приклучи на третиот тим на Реал Мадрид, Реал Мадрид „Ц“, кој се натпреварува во четвртата шпанска лига.

Во Реал веруваат дека Резола за неколку месеци би можел да напредува и да добие шанса во втората екипа, Реал Мадрид Кастиља.

Сепак, во изминатите години стана реткост фудбалери од Реал „Ц“ или од Кастиља да успеат да се изборат за место во првиот тим на „кралевите“. Последни на кои тоа им успеа беа Гонзалес Гарсија и Раул Асенсио, додека талентираниот играч за врска Нико Паз беше продаден на Комо, со клаузула според која Реал Мадрид може повторно да го откупи од италијанскиот прволигаш.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×