Гатузо ги потсети Италијанците на Македонија: Не смее да ни се случи тоа

by Стефан
1 минути читање

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Џенаро Гатузо истакна дека пласманот на Светското првенство е негова примарна цел и вистинска опсесија, но во исто време испрати и јасно предупредување до „аѕурите“ пред бараж-натпреварите, нагласувајќи дека ги очекува исклучително тежок дуел против Северна Ирска.

Италија уште еднаш не успеа да обезбеди директно место на Мундијалот, па патот до завршниот турнир ќе мора да го бара преку европскиот плеј-оф. Во март, „аѕурите“ ќе се соочат со Северна Ирска во полуфиналната пресметка, додека во вториот полуфинален дуел ќе се сретнат Велс и Босна и Херцеговина. Победниците од овие два натпревари ќе играат финале за пласман на Светското првенство.

„Не смееме да ја повториме грешката од пред четири години против Македонија. Во денешниот фудбал нема лесни натпревари“, изјави Гатузо, потсетувајќи на историскиот меч за Македонија.

Поранешниот тренер на Хајдук додаде и дека селекцијата на Северна Ирска може да биде мошне незгоден и опасен ривал доколку не ѝ се пристапи со целосна сериозност и максимална концентрација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×