Бизарна трагедија во Црна Гора: Фудбалер загина откако паднал од корпа на жичара

by Стефан
1 минути читање

Трагична вест пристигнува од Црна Гора, каде што во неделата животот го загуби поранешниот младински репрезентативец на Германија, Себастијан Хертнер, додека неговата сопруга е хоспитализирана со тешки повреди.

Според информациите на црногорските медиуми, Хертнер настрадал на Дурмитор откако паднал од жичара од височина од околу 70 метри, при што смртта настапила на самото место.

Неговата сопруга, која се наоѓала со него во корпата, останала заглавена на жичарата и по интервенцијата на спасувачките екипи била извлечена и итно пренесена на болничко лекување.

Во својата кариера, Хертнер настапуваше во втората Бундеслига, бранејќи ги боите на Минхен 1860, Ауе и Дармштад, додека последен ангажман имаше во Оберлигата, каде што беше капитен на екипата на ЕТСВ Хамбург.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×