„Кралевите“ се поврзуваат со ангажман на Рубен Невеш од Ал Хилал, кој ги одработува последните месеци од договорот со клубот од Саудиска Арабија.
Реал Мадрид сака да ја засили одбраната без да плати ништо, па мерка неколку фудбалери кои се под договори до јуни 2026 година.
На листата со желби се Дајот Упамекано од Баерн Минхен, Ибрахим Конате од Ливерпул и Марк Геи од Кристал Палас.
Последните информации велат дека „кралевите“ би можеле беспари да донесат и нов фудбалер од средниот ред, позиција која Чаби Алонсо инсистираше да биде засилена.
Станува збор за Рубен Невеш, кој ги одработува последните месеци во Ал Хилал и нема намера да продолжи во Саудиска Арабија.
„Се плашам дека Невеш ќе се пресели од Ал Хилал во Реал Мадрид и тоа беспари откако ќе му заврши договорот на крајот од сезоната. Неколку клубови од Премиерлигата исто така се интересираат, но Реал Мадрид е Реал Мадрид“ – вели поранешниот фудбалер на Ал Хилал, Ал Џабар.