Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас синоќа крена нов трофеј, оној од Суперкупот на Италија откако Наполи со 2-0 ја совлада Болоња во финалето.
Елмас беше стартер на мечот, одигра нешто повеќе од еден час и со одлична партија си го заработи трофејот.
Со ова тој ги комплетираше сите трофеи во Италија, Серија А, Купот на Италија и италијанскиот Суперкуп, израмнувајќи се со Горан Пандев кој исто така ги има овие трофеи во витрината.
Но, за да се пофали дека го повторил севкупниот успех на Пандев кога станува збор за освоените трофеи, на Елмас му фали оној најголемиот, титулата во Лигата на шампионите.