Љубовта кон клубот не познава граници: Навивач помина 1.600 километри и беше сам на трибината, клубот му подари момент за паметење (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Љубовта на навивачите кон фудбалските клубови често нема граници, а уште еден доказ за тоа пристигна изминатиов викенд од Португалија.

Тимот на Ароука во неделата вечер гостуваше кај Санта Клара, која своите домашни натпревари ги игра во Понта Делгада, на Азорските Острови, поточно на островот Сао Мигел.

За Ароука ова гостување значеше патување од околу 1.600 километри по воздушна линија, но тоа не беше пречка за еден верен навивач да се појави на трибините и да го бодри својот тим.

Тој беше единствениот навивач на гостинскиот состав на стадионот, а фудбалерите и стручниот штаб покажаа колку го ценат тоа и по завршувањето на средбата му приредија еден убав гест.

Целата екипа по дуелот кој заврши без погодоци 0-0 дојде до навивачот, се поздрави со него и му се заблагодари за издвоеното време да помине толку долг пат. Нема дилеми дека за навивачот ова беше момент кој ќе го памети до крајотна животот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×