Луис Енрике бележи исклучително успешен период на клупата на ПСЖ, а добрите резултати би можеле да му донесат договор каков што досега не е виден во модерниот клупски фудбал.
Медиумите од Париз пренесуваат дека релацијата меѓу шпанскиот стратег и клубот е на завидно ниво, до таа мера што раководството сериозно размислува да му понуди „доживотна“ соработка, иако актуелниот договор истекува за една година.
Во ПСЖ владее целосно задоволство од работата на Енрике, а спортскиот директор Луис Кампс и челниците на клубот сметаат дека конечно е пронајден тренер кој целосно се вклопува во визијата. Токму затоа, во Париз не сакаат да остават простор за шпекулации или неизвесност околу неговата иднина.
Дополнителен аргумент за ваквото размислување е и последниот успех на ПСЖ, откако Енрике пред само неколку дена го предводеше тимот до трофејот во Интерконтиненталниот куп со победата над Фламенго.