И покрај сите турбуленции надвор од фудбалот, Дани Алвеш не се откажува од идејата повторно да игра фудбал и подготвува камбек кој ретко се гледа на ова ниво.
Легендарниот десен бек решил сам да си помогне, откако постигнал договор да стане сопственик на португалскиот третолигаш Сао Жоао де Вер, а во исто време планира и да се регистрира како играч на клубот.
Според информациите, зделката е блиску до официјализација и Алвеш по речиси 2 години пауза повторно би можел да заигра. Планот на 42 годишниот Бразилец е да настапува најмалку половина сезона, додека проектот на клубот е многу поширок.
Зад Сао Жоао де Вер стои група бразилски инвеститори со амбиции за зголемување на буџетот и напад на повисок ранг, а Алвеш е замислен како главно лице и симбол на новата ера на клубот.