Легендарниот јапонски напаѓач Казујоши Миура и понатаму одбива да каже стоп. Иако има 58 години, фудбалската икона реши да ја продолжи кариерата и да започне ново поглавје во домашното првенство.
Миура постигна договор со Фукушима Јунајтед, екипа која се натпреварува во третата јапонска лига, со што ќе ја одработи својата 41 професионална сезона. На 26 февруари тој ќе наполни 59 години и повторно ќе постави рекорд кој тешко ќе биде надминат.
Во претходната сезона настапуваше за Атлетико де Сузука од четвртата лига, каде уште еднаш покажа дека страста кон фудбалот не избледува со годините, а сега оди ранг погоре.
Кариерата ја започна далечната 1986 година во дресот на Сантос, а подоцна играше и во Италија, Австралија, Португалија и Хрватска.