Во моментов тешко дека има поатрактивно име на трансфер-пазарот во Премиер лигата од Антоан Семењо. Напаѓачот на Борнмут игра во одлична форма, претставува постојана закана за секоја одбрана и со своите настапи го привлече вниманието на голем број англиски клубови.
Досега најчесто се споменуваше Ливерпул, но во трката според последните информции сериозно се вклучл и Манчестер сити, клуб кој би можел целосно да ја преземе водечката позиција во битката за неговиот потпис.
Семењо има откупна клаузула која се движи меѓу 60 и 65 милиони фунти. Освен Ливерпул и Манчестер сити, интерес покажуваат и Тотнем и Манчестер јунајтед, додека Арсенал внимателно ја следи ситуацијата и би реагирал само доколку до крајот на јануари продаде еден од своите крилни фудбалери.
Манчестер сити има јасна цел, враќање на шампионската титула на „Етихад“. Со оглед на повредите на Боб и Доку, како и отсуството на Омар Мармуш кој настапува на Африканскиот куп на нации, „граѓаните“ ќе мора да тргнат по вистински засилувања, а Семењо се вклопува во тој профил, иако за реализација ќе биде потребна сериозна финансиска инвестиција.
Според информациите, Манчестер сити уште две недели пред стартот на преодниот рок започнал разговори со фудбалерот, па во наредниот период се очекува да биде појасен и исходот од преговорите.
Семењо има 25 години, а сезонава постигна седум погодоци во Премиер лигата на 15 одиграни натпревари, што дополнително ја зголемува неговата пазарна вредност