Мбапе еден чекор го дели да сруши голем рекорд на Роналдо!

by Стефан
1 минути читање

Килијан Мбапе е на чекор да сруши рекорд на Кристијано Роналдо кој изгледаше како недостижен.

Ако се гледа бројот на постигнати голови во една календарска година во дресот на Реал Мадрид, досега апсолутен рекоррдр беше Кристијано Роналдо, но неговото остварување сега е сериозно загрозено.

Рекордот на Роналдо датира од 2013 година, кога португалската ѕвезда постигна неверојатни 59 погодоци во една календарска година.

Сега, Мбапе по двата гола што ги постигна во Купот на кралот во победата против Талавера, Мбапе дојде до бројката од 58 погодоци во календарската година и се наоѓа на само еден чекор од израмнување на рекордот на Кристијано Роналдо.

До крајот на годината, Реал Мадрид ќе одигра уште еден натпревар против Севилја, закажан за 20 декември, на кој Мбапе ќе има шанса да испише нова страница во историјата на „кралскиот клуб“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×