Мареска го преселија во Манчестер, а сега за првпат се огласи

by Стефан
1 минути читање

Тренерот на Челси, Енцо Мареска ги коментираше гласините кои во текот на вчерашниот ден се појавија во јавноста и кои говера дека тој е главен фаворит да го наследи Гвардиола, ако Шпанецот замине од Манчестер.

Мареска работеше во Сити како помошник тренер на Пеп и во Челси пристигна во 2024 година од Лестер, а во својата прва сезона успеа да го освои трофејот во Конференциската лига за потоа да триумфира и на Светското клупско првенство.

Спортскиот портал, „Атлетик“ пренесуваа дека 45-годишнникот италијански стратег го означи како главен кандидат да биде нов тренер на „граѓаните“, а Мареска вели дека во овој момент не размислува на таа тема.

„Таквите гласини не влијаа на мене, знам дека се работи за шпекулација. Во овој момент не е време за таакво нешто, пред се затоа што имам договор до 2029 година“, изјави Мареска пред гостувањето кај Њукасл во Премиер лигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×