Барселона направила план, тргнува по потписот на „новиот Салах“!

by Стефан
1 минути читање

Веќе извесно време е познато дека Барселона работи на ангажманот на Хамза Абделкарим, талентираниот напаѓач на египетскиот гигант Ал Ахли, со јасна идеја во првата фаза да го приклучи кон екипата на Барса Атлетик.

Станува збор за 17-годишен класичен центарфор кој со своите настапи сериозно ги импресионирал скаутите на каталонскиот клуб, до тој степен што раководството одлучило да реагира уште во јануарскиот преоден рок.

Планот на „Камп Ноу“ е веќе познат, Абделкарим прво би бил засилување за резервниот тим, а преку континуиран развој и евентуални добр настапи би добил можност и во првиот состав. Според информации од Египет, кои ги пренесува „Мундо Депортиво“, Барселона веќе испратила и прва официјална понуда до Ал Ахли.

Понудата на каталонците е базирана на модел на позајмица со право на откуп. Конкретно, Барселона нуди шестмесечна позајмица без финансиски надомест, која би траела до јуни, со опција за купување во вредност од четири милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×