44
Во англиските медиуми излегоа гласини кои го поврзуваат Енцо Мареска со тренерската позиција во Манчестер Сити, како наследник на Пеп Гвардиола кога тој ќе замине.
Мареска му беше помошник на Гвардиола во Сити пред да стане тренер на Челси, па сега се поврзува и како негов наследник на истата позиција.
Но, тој негира дека има такво нешто.
„Поврзувањето со Манчестер Сити? Тоа е 100 проценти шпекулација. Немам време за такви муабети“, рече Мареска.
„Имам договор тука со Челси до 2029 година. Мојот фокус е само овој клуб и горд сум што сум тука“.
„Важно е да се знае зошто излегоа вакви вести, но тоа се само шпекулации“.