Трагедија: Убиен поранешен репрезентативец на Еквадор

by 24 фудбал
1 минути читање

Шокантна вест пристигнува од Еквадор, каде што трагично го загуби животот поранешниот репрезентативец на оваа земја Марио Пинеида. Фудбалерот бил брутално убиен во градот Гвајакил, а во истиот напад животот го загубило и едно непознато женско лице.

Првичните информации упатуваа на тоа дека станува збор за неговата сопруга, но подоцна било утврдено дека Пинеида во моментот на нападот се наоѓал во друштво на непозната жена и неговата мајка, која била повредена и пренесена на лекување.

Сцените од Гвајакил се вознемирувачки, а клубот Барселона од Еквадор официјално ја потврди трагичната смрт на својот фудбалер.

Барселона со длабоко жалење ја информира јавноста дека нашиот играч Марио Пинеида е убиен во нападот. Оваа ужасна вест длабоко нè вознемири сите нас кои сме дел од овој тим“, соопштија од клубот.

Полицијата започна истрага за двојното убиство, но засега нема официјални информации за сторителот ниту за можниот мотив за овој трагичен настан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×