1,2K
Магионичарот со
фудбалската топка, Роналдињо и официјално донел одлука да стави крај со
играњето фудбал, иако веќе две години нема настап за ниту еден клуб.
Неговата одлука ја
соопшти неговиот брат кој ги реши сите дилеми околу поранешниот фудбалер на
Барселона.
„Тој заврши со играњето
фудбал, ова е крајот“ рече Асис.
Бразилецот настапуваше
за Гремио, ПСЖ, Барселона, Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро, Керетао и
Флуминенсе, кој воедно беше неговиот последен клуб.