Фудбалер на Њукасл го чека долга пауза, скршил ребро

by Стефан
1 минути читање

Дефанзивецот на Њукасл јунајтед, Ден Бурн, ќе мора да паузира подолг период по незгодната повреда што ја заработи на дербито против Сандерленд.

Инцидентот се случи во првото полувреме, кога Бурн доби силен удар со колено од Мукиеле. Иако првично се обиде да продолжи со натпреварот, по кратка интервенција на медицинскиот тим беше јасно дека не е во состојба да игра, па неколку минути подоцна го напушти теренот. Поради проблеми со дишењето, веднаш беше пренесен во болница на дополнителни прегледи.

Според првичните информации, 33-годишниот стопер ќе отсуствува околу шест недели, период во кој ќе пропушти најмалку десет натпревари.

Со оваа повреда, Бурн само ја продолжи листата на отсутни во таборот на Њукасл, на која веќе се наоѓаат и Свен Ботман, Кирен Трипиер, Џамал Ласелс и Емил Крафт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×