Случајот со грабежот во домот на италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума доби трагичен епилог, откако едно од инволвираните лица изврши самоубиство во затвор.
Францускиот весник „Ле Паризиен“ објави дека станува збор за 21 годишен маж, кој бил еден од учесниците во грабежот на домот на голманот. Според информациите, затворските чувари го пронашле обесен за решетките на прозорецот во неговата ќелија.
Веднаш била повикана медицинска екипа која се обидела да изврши реанимација, но и покрај напорите, младиот човек починал на самото место.
Истрагата открила дека тој немал водечка улога во криминалниот чин, туку бил искористен како извршител од страна на организаторите. Истражните органи наведуваат дека лидерот на криминалната група со месеци вршел притисок и применувал насилство врз него, што дополнително го комплицира целиот случај.