Зинедин Зидан пред исполнување на својот сон

by 24 фудбал
1 минути читање

Зинедин Зидан е на чекор до исполнување на големиот сон, откако според најавите постигнал договор за преземање на репрезентацијата на Франција.

Легендарниот француски фудбалер во повеќе наврати истакнуваше дека најголема желба во тренерската кариера му е да ја предводи националната селекција, а сега таа можност е поблиску од кога било. Зидан важи за единствен и логичен наследник на Дидие Дешамп, кој веќе најави дека ќе се повлече од селекторската функција по завршувањето на Светското првенство.

Дешамп ја води Франција повеќе од една деценија, но по Мундијалот ќе стави крај на својот мандат, а фудбалската јавност во земјата е убедена дека токму Зидан е првиот избор за таа позиција.

Поранешниот светски и европски првак со Франција во тренерската кариера досега го водеше само Реал Мадрид, со кој испиша историја освојувајќи три последователни титули во Лигата на шампионите, нешто што не му успеало на ниту еден друг тренер. Од разделбата со мадридскиот клуб во 2021 година, во својот втор мандат на клупата на „кралевите“, Зидан е без ангажман и трпеливо ја чекаше вистинската можност, која сега изгледа дека конечно се појави преку репрезентацијата на Франција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×