19
По серијата од три последователни порази, фудбалерите на Торино конечно се вратија на победничките патеки и на свој терен запишаа минимален триумф од 1-0 против Кремонезе во рамки на Серија А.
Домашниот состав доминираше во поголемиот дел од натпреварот, а клучниот момент се случи во 27. минута, кога Никола Влашиќ прецизно ја смести топката во мрежата и им ги обезбеди трите бода на „биковите“.
За Кремонезе ова беше прв неуспех по двете врзани победи во најсилната италијанска лига, додека Торино со оваа победа направи скок на табелата и се искачи на 12. позиција со вкупно 17 бодови.