Францускиот напаѓач Карим Бензема го одигра своето во Ал Итихад и на крајот од сезоната ќе стане слободен играч.
Сè повеќе информации пристигнуваат дека нема намера да го продолжи договорот со саудискиот клуб, што автоматски ги отвора вратите за негово враќање во европскиот фудбал.
Во Франција веќе се шпекулира дека Лион е најреалната опција за продолжување на кариерата. Бензема не крие дека чувствува силна поврзаност со клубот каде што стигна до статус на голем француско талент, пред неговиот трансфер во Реал Мадрид кој го претвори во еден од најуспешните напаѓачи во историјата на клубот.
Договорот со Ал Итихад истекува на крајот од оваа сезона и засега нема сигнали дека страните ќе седнат на маса за продолжување на соработката. Затоа шансите за враќање во родниот град, и облекување на дресот на Лион во завршната етапа од неговата кариера, стануваат сè поголеми.