Бензема го посочи главниот проблем во Реал Мадрид

by bojan
2 минути читање

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Карим Бензема вели дека Чаби Алонсо не е виновен за лошите резултати, смета дека главен проблем е тоа што фудбалерите сакаат да бидат подобри еден од друг и не работат за доброто на тимот.

„Кралевите“ играат под очекувањата и доколку резултатите не се подобрат, цехот ќе го плати тренерот Чаби Алонсо, на кого му се заканува отказ.

Но Карим Бензема смета дека стратегот не е виновен за кризата, прстот го впери во главните ѕвезди и нивното его.

„Едноставно фали конекција помеѓу Мбапе, Винисиус, Белингем и Родриго. Секој од нив треба да знае што точно да прави на теренот. Белингем треба да разбере дека е офанзивен фудбалер од средниот ред а не голгетер. Мбапе е голгетер, а не офанзивен фудбалер од средниот ред. Винисиус не е дефанзивец од средниот ред, тој е лево крило. Едноставно мора секој да си ја разбере улогата и задачите на теренот“ – вели поранешниот фудбалер на Реал Мадрид.

„Не е лесно да се најде решение бидејќи секој има свој карактер, секој сака да биде најдобар, па малку е комплицирано… Секој треба да го разбере ова, секој треба да разбере дека има улога, на кој начин треба да допринесе и дека тоа е за доброто на тимот“.

„Чаби Алонсо не е виновен, тој не може да направи нешто. Се е во рацете на играчите. Ако вашиот соиграч е подобар од вас, треба да се помирите со тоа. Не е здраво тоа што не прифаќате дека играчот пред вас постигнува повеќе погодоци. И затоа имате проблем кога во тимот играат пет или шест големи играчи. Да, јасно е дека поголеми внимание добиваат оние кои постигнуваат голови, но никогаш не треба да заборавите дека ви е потребна поддршката на другите! Не можете сами“.

Тој потоа додаде: „Проблем е и тоа што во моментов нема некој поискусен играч кој ќе седне да разговара со Мбапе, Винисиус и Белингем и да им каже дека не оди вака. Тренерот го кажува ова, но не на толку директен начин. Искрено, во денешно време фудбалот е многу комплициран… играчите повеќе не зборуваат еден со друг“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×